Какво време не очекува денеска?

Облачно и врнежливо време не очекува денес во земјава. Врнежите во поголемиот дел од земјава ќе бидат ретки и со намален интензитет. Почести врнежи утре ќе има во западните и северните делови.

Преку денот ќе дува умерен југоисточен ветер, а на југот и долж Повардарјето ветерот ќе биде засилен и ќе достигнува брзина и до 50 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 15, а дневната од 16 до 21 степен. Во Скопје слично време, облачно со повремен слаб до умерен дожд и со умерен југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Во текот на изминатите 24 часа наврнаа од пет до 15 литри на метар квадратен воден талог. Поголеми врнежи имаше во западните делови од земјата.

Заедно со врнежите кои ќе паднат до утре изутрина на некои места, особено на запад и во јужните делови од земјата ќе надминат 50 литри на метар квадратен воден талог. Во понеделник врнежи од дожд ќе има само на северот од земјата. Врнежите ќе престануваат, но ќе се задржи облачно време.