Какво време не очекува до крајот на неделата?

Во наредните денови ќе преовладува стабилно и топло време. Денес ќе преовладува сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен северозападен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно и топло време. Само во четврток ќе има преодно дестабилизирање со локален пороен дожд и грмежи, претежно во северните и источните делови, а ќе дува и засилен ветер од југозападен правец.