понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 28

Какво време не очекува до крајот на неделава?

Според прогнозите на УХМР, денес ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб јужен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на краткоптраен пороен дожд со ретки грмежи.

sonceee2

Поврзани вести

Според прогнозите на УХМР, денес ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб јужен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на краткоптраен пороен дожд со ретки грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.

Во наредните денови во претпладневните часови ќе преовладува сончево и топло со умерена облачност, а во попладневните ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Поизразена нестабилност ќе има во четврток попладне кога на повеќе места се очекува пороен дожд, грмежи и силен ветер. Локално ќе има и појава на невреме со град. В петок и в сабота ќе дува умерен, а на места  повремено и силен ветер од југозападен правец.

Најчитани вести