Kакво време не очекува од утре?

Времето утре во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. УВ-индексот ќе изнесува 8, а температурата ќе се движи од 26 до 38 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со дожд.

Температурата ќе достигне до 36 степени.

Во почетокот на наредната недела времето ќе биде стабилно со благ пад на температурата.