Какво време не очекува оваа недела?

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во планинските подрачја. Нестабилноста ќе биде повеќе изразена доцна попладне.

Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени, УВ=7.

Според прогнозата на метеоролозите, утре во поголемиот дел од земјава времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат и поинтензивни со пообилни врнежи, засилен ветер и можна појава на град.

Нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде и во среда, особено во првата половина од денот во источните делови.

Од четврток следува период на претежно стабилно и потопло време со слаб до умерен северен ветер.