Какво време не очекува следните денови?

Времето денеска претежно сончево. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

Утре ќе преовладува облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Повеќе врнежи се очекуваат во северните и западните делови, каде на планините ќе се формира нова снежна покривка.

Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието.

Потоа во недела и понеделник ќе биде претежно сончево со пораст на дневната температура.

Од вторник се очекува променливо време со повремен локален дожд.