Какво време не очекува утре?

Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен, а попладне повремено засилен ветер од јужен и југозападен правец. Во текот на ноќта ветерот ќе го промени правецот во северен, а во северните и западните делови ќе има услови за локален дожд.

Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 32 степени. Индексот на УВ зраците изнесува 6.

Утре поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе дува засилен, а на моменти и силен северен ветер со брзина и над 80 км/час, особено вдолж Повардарието. Тоа ќе услови значително опаѓање на дневната температура за околу 10 степени. Потоа до сабота ќе биде стабилно и суво со благ пораст на дневната температура, која ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.