Какво време не очекува утре?

Утре не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Долж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен северозападен ветер со брзина и до 70 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 10 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до 14 степени.

Во следните два дена времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури коишто на некои повисоки места ќе се спуштат и под нулата, а дневните температури ќе бележат покачување и во четврток ќе се движат од 18 до 24 степени.

Од петок ќе преовладува променливо и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.