Какво време не очекува викендов?

Облачното и посвежо време ќе се задржи и утре, а во југозападните делови ќе има услови и за слаби локални врнежи од дожд и снег.

Ќе дува и умерен до засилен северен ветер. За време на викендот и во почетокот на работната седмица ќе преовладува стабилно време со постепен пораст на дневните температури.

Утринските температури на повеќе места ќе бидат под нулата.