Какво време не очекува викендов?

Викендов во секој случај ќе донесе нешто подобро време, ама не дека дождот сосема ќе изостане. Сепак тој ќе биде од локален карактер, пишува Метео Про.

Сабота ќе биде релативно сончева наутро и околу пладне. Попладне се очекува умерено зголемување на облачноста, но можност за врнежи ќе има само на планините во северниот регион, пред се во осоговијата, и на југ во реонот на Кожуф и Ниџе.

Ќе дува умерен југозападен ветер.

Ќе биде релативно топло, а температура ќе има максимална вредност помеѓу 20°С и 24°С во котлините во западниот и северниот крај. Југоисточниот крај очекува максимална околу 27°С.

И недела ќе биде ветровита. Наутро се очекува ведро и топло време, додека доцна попладне се можни повремени локални врнежи од дожд во северниот и западниот крај, како и во планинскиот дел долж јужната граница.Температурата во однос на сабота ќе биде само за околу 1°С пониска.

ИЗВОР: МетеоПро