Какво време не очекува во текот на оваа работна недела?

Утре ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, на места со повремен дожд, а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а локална нестабилност ќе има во петок, јавуваат од УХМР.

Денес претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.

Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени, УВ=9.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.