Какво време не очекува за новогодишните празници?

Какво време не очекува за новогодишните празници? УХМР најавува заладување и пад на температурите. За време на новогодишната ноќ се очекува ведро време со дневни температури од -3 до 3 степени.

Од утре попладне нашето подрачје ќе биде под влијание на студена и релативно сува воздушна маса која ќе се спушта од североисточните делови на Европа и која ќе предизвика студено и ветровито време во следните неколку дена.

Во среда ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд и снег, особено во југоисточните делови, дневната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени.

Последниот ден од оваа година (четврток) времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер, а дневната температура ќе биде во интервал само од -3 до 3 степени.

За време на новогодишната ноќ ќе биде претежно ведро и многу студено со слаб до умерен северен ветер, температурата ќе биде во интервал од -10 до -5 степени.

Потоа до недела времето ќе биде суво и студено, но температурите ќе бележат постепен благ пораст.