Какво време не очекува за првомајските празници?

 

Интензивни врнежи ќе има за време на првомајските празници. Како што информираат од УХМР, утре ќе преовладува претежно облачно време со повремен слаб дожд, особено претпладне и со температура од 14 до 18 степени.

Во сабота ќе биде претежно стабилно и потопло со температура од 18 до 25 степени.

Нови врнежи од дожд ќе има во недела попладне, кои локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, особено кон крајот на денот и во ноќните часови. Температура од 18 до 24 степени.

Врнежи ќе има и во понеделник попладне, а поинтензивни ќе бидат во текот на ноќта кон вторник, кога локално се очекува да наврнат и над 50л/м2.  Температура од 16 до 22 степена.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.