Какво време не очекува за викендот?

За време на викендот и во почетокот на наредната недела времето ќе биде стабилно и многу топло. Во вторник попладне и во среда повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Денес, како што информ ира УХМР, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во пладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени. УВ индексот изнесува 8.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.