Македонија

Какво време не очекува

Какво време не очекува

Времето утре во Македонија ќе биде сончево, попладне со локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен претежно северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 12 до минус 3, а дневната од 4 до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со локална облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 7, а дневната ќе се искачи до 9 степени.

До петок времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура и понатаму насекаде ќе биде негативна, а дневната ќе биде во постепен пораст.

Во сабота наутро се уште студено, во текот на денот со зголемена облачност.

Во недела наутро, пак, со повисоки утрински температури, а преку денот облачно со врнежи од дожд, на планините од снег.