Какво време не очекува денеска?

Денеска времето ќе биде претежно сончево, наутро и претпладне, додека попладне само локално ќе има мало зголемување на облачноста, но без поголеми услови за врнежи. Ветерот ќе биде претежно слаб.

Максималната дневна температура ќе има вредност околу 20°С во најголем дел од населените места низ земјата. Само малку потопло ќе биде во повардарското подрачје, каде максималната температура ќе има вредност во границите од 23°С до 26°С.