Какво време не’ очекува во следните денови?

Предновогодишната еуфорија секогаш е поинтересна кога времето е убаво и проследено со снег, но дали ќе имаме таква атмосфера за оваа нова година, останува да ги следиме прогнозите на метеоролизите.

За утре од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат магливо време со умерен ветер, кој во четврток ќе се засилува.

В четврток попладне и во петок ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини ќе има снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни.

Најстудено утре ќе биде во Скопје каде што максималната дневна температура ќе биде само два степени, а највисоката дневна ќе биде осум степени во јужните краишта на земјава.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.