Какво време не очекува за продолжениот викенд?

Три дена продолжен викенд е пред нас, но времето нема да биде сосема наклонето за оние кои би сакале да го искористат слободното време за движење на отворено, пренесува Метеопро.

САБОТА претпладне ќе помине во знакот на умерена облачност, но поголема е веројатноста за нешто повеќе сончеви периоди во јужната половина на земјата. Попладне повторно ќе има зголемување на облачниот слој, а со тоа ќе зачести и дождот. Истиот ќе има локален пороен карактер. Иако ослабнати, врнежите локално ќе продолжат и во текот на вечерта.

Температурата ќе достигне максимална вредност околу 26°С во северниот дел на земјата, на југозапад околу 24°С и до 28°С во југоисточниот регион.

НЕДЕЛА ќе биде само малку посвежа од сабота, а ќе започне со претежно облачно време со услови за локален и слаб претпладневен дожд. Повторно попладнето и дел од вечерта ќе поминат во облачно и претежно врнежливо време.

ПОНЕДЕЛНИК ќе започне со релативно малку облаци и повеќе сончеви периоди. Попладне повторно се очекува зголемување на облачноста и појава на локален дожд. Но, врнежите ќе бидат ослабнати и поретки во централниот регион.

Денот ќе биде малку потопол во однос на сабота и недела.Температурата ќе достигне максимална вредност околу 27°С во северниот дел на земјата, на југозапад околу 25°С и до 30°С во југоисточниот регион.