Свет

Калашников се покајал бидејќи со неговиот изум се убиени илјадници луѓе

Калашников се покајал бидејќи со неговиот изум се убиени илјадници луѓе

Михаил Калашников, таткото на автоматската пушка која што го носи неговото име, пред неговата смрт се појакал бидејќи „благодарение“ на неговиот изум се убиени илјадници луѓе.

Калашников, кој почина на крајот на минатата година, напишал писмо упатено до рускиот патријарх Кирил, преку кое што го изразил своето каење. Во писмото легендарниот конструктор на пушката зборувал за душевните маки и сето она со кое што се соочил преку одговорноста за смртта на луѓето кои се убиени од неговиот изум.

„Мојата душевна болка е неподнослива. Мојот автомат им ги одзеде животите на многу луѓе, па затоа и јас сум виновен за тоа, без оглед на тоа што тие биле непријатели“, стои во писмото на Калашников, напишано половина година пред да почине.

Во писмото, меѓу другото, Калашников, пишувал и за своите согледувања за судбината, но и за човештвото како целина.