Спорт

Калдерон најави кам-бек на Роналдо на Олд Трафорд

Калдерон најави кам-бек на Роналдо на Олд Трафорд

Поранешниот претседател на најтрофејниот клуб во шпанската Примера дивизион, Реал (М), Рамон Калдерон, и понатаму останува на ставот дека најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо, порано или подоцна, повторно ќе се врати во редовите на Манчестер Јунајтед.

„Никогаш не вели никогаш. Кога го купивме Роналдо, Португалецот веднаш ни кажа дека во Манчестер се чуствувал како да е дома. Беќе многу среќен, ни кажа дека имал совршен однос со најверните фанови, со клупските челници. Фергусон го сметаше како татко, ни кажа дека се му било совршено во Манчестер. Сепак, Роналдо сакаше да се пресели во Мадрид, сакаше да игра за Реал (М). Според мене, голема е веројатноста дека Роналдо на крајот од својата кариера повторно ќе го обелче дресот на Манчестер Јунајтед, повторно ќе се врати во Англија. Во мојот живот не сум видел таков фудбалер, мислам дека Роналдо нема лимит и не знам кога ќе го достигне врвот во својата форма,“ изјави Калдерон.