ФОТО: Кампот кај Кале добива сопствени улици

Кампот џунгла кај Кале стана толку голем што веќе почнува да добива сопствени улици, а една од нив е именувана по британскиот премиер Дејвид Камерон, пишува британски „Сан“.

Додека кампот се шири, мигрантите почнаа да отвараат сопствени продавници со надеж дека ќе направат добар бизнис благодарение на новите луѓе што доаѓаат во кампот.

kale-ulici-2

Се проценува дека во кампот во моментов живеат околу 7.000 мигранти, а се очекува дека уште голем број мигранти ќе стигнат во следниот период.

kale-kamp-2

Во кампот се доставени метални контејнери кои треба да бидат дом за околу 1.500 лица во новата секција на кампот.