Калфин: До 2050 година населението на Европа ќе се намали за 15 отсто

Во говорот на отворањето на Меѓународната конференција „Соочување со демографските предизвици на земјите-членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа“, Калфин нагласи дека повеќето држави од балканскиот регион на долг рок се соочуваат со тенденција на намалување и стареење на населението и со пад на работната сила.

Според Калфин, дополнителен демографски проблем за земјите од Југоисточна Европа е зголемувањето на миграцијата која е поврзана со барање работа во странство, процесите на глобализација, развојот на новите технологии, но и со желбата на поединци да ја бараат својата иднина во државите со повисок стандард.

– Демографските предизвиции влијаат врз поголем број сфери од економскиот и општествениот живот и ќе имаат се поголеми последици врз јавните финансии и нормалното функционирање на социјалните системи, изјави Калфин, апелирајќи за изработка на долгорочна демографска стратегија во регионот.

Тој најави и дека Бугарија ќе иницира воспоставување на прекугранична соработка во демографската сфера меѓу државите од Југоисточна Европа, во чии ремки би се спроведувале проекти финансирани од европските фондови за промена на демогрфските тенденции во регионот,

Како што јави БТА, на Конференцијата во Софија учествуваат претставници на 13-те земји-членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, како и делегации на Фондот за население на ОН, Економската комисија на ОН за Европа, Меѓународната организација на трудот, Европска комисија и на Регионалниот совет за соработка.

Собирот е организиран во рамки на бугарското претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа.