Калифорнија: Уништени 100 куќи, најмалку 1500 лица евакуирани

Во шумски пожар кој го зафати малиот  калифорниски град Вид уништени се или оштетени повеќе домови, а најмалку 1500 лица се евакуирани, соопштија американските официјални лица.

Црквата во тој град недалеку од границата со американската држава Орегон, изгоре до темели, пренесува АП

Поради силниот ветер, пожарот бргу се ширел, но пожарникарите успеале да го локализираат.