Свет

Калифорнија: Знаци за предупредување на газираните пијалоци

Калифорнија: Знаци за предупредување на газираните пијалоци

Калифорнија може да стане првата американска држава, каде врз газираните пијалоци ќе се постават натписи со предупредувања за штетноста од нив.

Според весникот „Лос Анџелес Тајмс“, локалните власти и медицински експерти планираат да усвојат закон, што ќе ги обврзе производителите на газирани пијалоци да стават врз шишињата предупредувачки натписи, слични на оние на кутиите со цигари и алкохолните пијалоци.