Калиманци ќе се прелее за околу 6 часа – Ќе се брани Ново Село од нова поплава во Штип

Регионалниот кризен штаб е во континуирано заседавање во Штип. Во кабинетот на штипскиот градоначалник итно пристигна и Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој во координација со градоначалниците од регионот, МВР, АРМ и ЦУК ги разгледува најновите податоци за полнењето на браната Калиманци.

br8

Од браната се испуштаат по околу 50 м/3 вода, но постои прилив од над 180 м/3, што значи браната се полни и се очекува за 6 часа да се прелее. Тоа ќе значи поплавување на целиот регион, на сите општини кои се покрај Брегалница.

br4

Во Штип на сила е предупредување за жителите на Караорман, Чардаклија, 8.ми Ноември и Ново Село. Во моментов се преземаат активности за утврдување на коритото на критичните точки. Во Штип се очекува да допатува и Премиерот Никола Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.