Калиниќ избркан од репрезентацијата на Хрватска

Хрватската репрезентација се соочува со првиот проблем откако селекторот Златко Далиќ поради недисциплина го отстрани од тимот напаѓачот Никола Калиниќ, па „коцкестите“ го продолжуваат мундијалот со 22 фудбалери.

Фудбалерот на „Милан“ сериозно ја нарушил атмосферата во хрватската фудбалска репрезентација, поради што Далиќ донел одлука тој да биде отстранет од националниот тим.

Екипата е составена од 23 фудбалери и секој од нив мора да живее за репрезентацијата. Доколку тоа не е така, нема да има добра атмосфера. За нас важен играч е и Чорлука, а тој без збор прифати да биде резерва, рекол селекторот Далиќ.

Хрватска во саботата со победа 2:0 над Нигерија стартуваше на СП, а во финишот на тој меч Калиниќ одбил да влезе во игра.Тој одбил со образложение дека го боли грбот. Фудбалерот слично постапил и на пријателскиот натпревар во Ливерпул,против Бразил кога исто така поради наводна повреда не сакал дда влезе во игра за да го замени Марио Манџукиќ.

Калиниќ зад себе има лоша сезона, иако во Милан беше донесен како големо засилување во нападот. Во еден дел од сезоната беше и суспендиран од тренерот Џенаро Гатузо, бидејќи не се трудел доволно на тренинзите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.