вторник, 10 јануари 2017  |  Вести денес: 55

Калиопи ја претстави „Дона“ пред фановите во Велика Британија

Во Лондон Калиопи беше специјална гостинка на евровизискиот фан клуб од Велика Британија.

Калиопи ја претстави „Дона“ пред фановите во Велика Британија

Калиопи ја претстави „Дона“ пред фановите во Велика Британија

Поврзани вести

Македонската евровизиска претставничка Калиопи викендов го посети Лондон, кадешто ја промовираше „Дона“ на деветтото издание на Лондонската евровизиска забава која се одржа во Кафе д Пари.

Во Лондон Калиопи беше специјална гостинка на евровизискиот фан клуб од Велика Британија.

1kaliopi

Претседателот на клубот Аласдаир Рендал по тој повод изјави: „ Калиопи е обожувана од евровизиските фанови во Велика Британија, таа е вистинска ѕвезда и затоа ние го спонзориравме нејзиното патување и престој во Лондон за оваа специјална и единствена прилика “!

2kaliopi

Калиопи го отвори и затвори шоуто во неделата вечер, кадешто евровизиски ѕвезди од осумнаесет земји ги промовираа своите песни. Реакцијата од присутните и овој пат го следеше утврдениот рејтинг од претходните настапи во рамки на промотивната турнеја, дека Калиопи ја има најмоќната интерпретација во живо, на којашто никој во публиката не останува рамнодушен.

3kaliopi

На задоволство на присутните Калиопи потсети и на големиот евровизиски хит „Црно и Бело“, а нејзиниот настап беше емитуван во живо на London Live TV.

4kaliopi

Видно емотивна, откако се појави на сцената за да го затвори шоуто, Калиопи им се заблагодари на фановите, медиумите и организаторот, коишто направија таа да се чувствува толку многу добредојдена и сакана во Лондон. Калиопи им вети на сите дека ќе даде се од себе да ја слушнат „Дона“ и во финалето во Стокхолм, следниот месец и дека ќе направи Македонија да биде горда на нејзиниот настап!

5kaliopi

Калиопи имаше одличен прием и кај медиумите, па беше интервјуирана од BBC, Channel 5, ITV, како и од најпопуларните евровизиски медиуми ширум Европа. Во шармантен и спонтан стил, Калиопи за медиумите ја опиша својата страст во изведбата на „Дона“ и зошто оваа песна е толку значајна за неа.

6kaliopi

Промотивната турнеја ќе биде заокружена со посета на Албанија, кадешто Калиопи веќе во среда ќе гостува во националната телевизија и радио, за потоа да оствари средба и со претставници од други печатени и електронски медиуми од Тирана.

Најчитани вести