среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 28

Калиопи на промотивна евровизиска турнеја (ФОТО)

Турнејата започна од Белград, со гостување на националната Радио Телевизија Србија, а во тридневниот престој Калиопи оствари и голем број други интервјуа и гостувања за српските радио и телевизиски медиуми.

Калиопи на промотивна евровизиска турнеја

Калиопи на промотивна евровизиска турнеја

Поврзани вести

Со гостување во соседна Србија, Калиопи ја започна промотивната евровизиска турнеја.

Турнејата започна од Белград, со гостување на националната  Радио Телевизија Србија, а во тридневниот престој Калиопи оствари и голем број други интервјуа и гостувања за српските радио и телевизиски медиуми.

kaliopi1

Регионалната промотивната турнеја продолжува со посета на Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска, по што следниот викенд Калиопи ќе настапи на гала забава во Москва. Во руската претолнина Калиопи ќе има организирано дружење со фанови, како и пресконференција за медиуми кои освен од Русија за овој настан ќе допатуваат и од Белорусија и Азербејџан.

kaliopi

На 9-ти април Калиопи ќе престојува во Амстердам, Холандија, кадешто се одржува најголемиот промотивен настан по повод Евровизија, Eurovision in concert. Досега дваесет и четири земји го имаат потврдено учеството на овој промотивен концертот кој ќе се одржи во салата Мелквек кадешто и Калиопи ќе настапи пред бројните фанови и евровизиски медиуми и ќе ја претстави во живо „Дона″.

kaliopi2

Богатата агенда продолжува за Лондон и деветтото издание на Лондонската евровизиска забава, која ќе се одржи на 17-ти април, во срцето на западен Лондон и популарното Cafe de Paris.

По повод присуството на Калиопи во Лондон се обрати и евровизискиот фан клуб на Велика Британија, па во нивното официјално соопштение стои : „Како еден од најголемите евровизиски фан клубови во светот, сосема е соодветно да реагираме и да ја донесеме најголемата евровизиска ѕвезда на забавата во Лондон. Ние знаеме дека Калиопи најсилно ќе ги прегрне своите фанови и ќе понуди перформанс од светски калибар, затоа со задоволство, само сега и за Калиопи ќе го спонзорираме нејзиното патување и престој во Лондон“.

kaliopi3

Во рамките на промо турнејата, во втората половина на април, планирани се и гостувања во Тирана и Софија.

Паралелно се работи и на сценскиот настап, подготовка на промотивниот материјал како и на севкупната агенда за престојот на македонската евровизиска делегација во Стокхолм.

kaliopi4

Изборот на песна за Евровизија ќе се одржи на 10, 12 и 14 мај во Глоуб арената во Стокхолм, а нашата претставничка Калиопи ќе настапи во Второто Евровизиско Полуфинале на 12-ти мај со песната „Дона“.

kaliopi5

kaliopi6

kaliopi8

kaliopi9

Најчитани вести