Кваљарела е новиот гладијатор на Олимпико

Големиот ривал од италијанската Серија А, тимот на Лацио, најверојатно ќе биде следната дестинација на резервниот напаѓач на Јувентус, Фабио Кваљарела.

Преговорите помеѓу двата клуба се во завршна фаза, а истите во следните неколку часа треба да најдат заеднички јазик околу побараното обештетување од шест милиони евра.

Освен Лацио, интерес за 30-годишниот напаѓач покажаа и челниците на англиските премиерлигаши Норвиќ и Вест Хем, но Кваљарела уште пред неколку недели изјави дека не е заинтересиран за преселба на Островот и дека сака и понатаму да настапува во италијанската Серија А.