Каљехон (не)реална желба на Монако

Амбициозниот сопственик на францускиот прволигаш Монако, милијардерот од Русија, Димитри Риболовлев, ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на шпанскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Хозе Мариа Каљехон.

Големата желба на Риболовлев ќе стане реалност само доколку понудата за 27-годишниот напаѓач не биде помала од 28 милиони евра.