Каматите во еврозоната остануваат ниски

Каматните стапки во еврозоната ќе останат уште долго екстремно ниски, најави шефот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги, објави МИА.

– Монетарната политика уште долго ќе биде експанзивна и можам да кажам дека Советот на гувернери едногласно останува на ставот дека можеме да ги користиме сите средства кои ги имаме на располагање за повторно да го зголемиме темпото на инфлацијата непосредно под два отсто – рече Драги за француското радио Европа 1.

Тој образложи дека каматите ќе останат ниски бидејќи повеќе и не можат да паѓаат.