Спорт

Камбијасо промовиран во Лестер

Камбијасо промовиран во Лестер

Аргентинскиот интернационалец и довчерашен фудбалер на Интер Естебан Камбијасо кариерата ќе ја продолжи во премиерлигашот Лестер.

Англискиот тим објави дека со Камбијасо потпишал едногодишен договор. Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Интер стана слободен играч по десетгодишно играње на „Сан Сиро“.

Менаџерот на Лестер Најџел Пирсон изјави дека е задоволен со новото засилување.

-Беше неверојатно тешко да се најде решение за преговорите, изјави Пирсон.

Камбијасо се поврзуваше со Вест Хем и Тотенхем, но на крајот го избра Лестер, а за новиот клуб би можел да дебитира во недела против Арсенал.