Камен темелник на градинка во Облешево

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска присуствуваше на поставување на камен темелник на градинка во населеното место Облешево во општината Чешиново-Облешево во која ќе бидат опфатени децата од предучилишна возраст од ова и соседните населени места.

„Министерството за труд и социјална политика е фокусирано на проекти кои се насочени за подобрување на животот на населението за што инвестираме во повеќе општини. Новиот Центар за ран детски развој кој деновиве го предадовме во Пробиштип е дел од проектите,“ истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на поставување на камен-темелникотнаградинката.

Тој додаде дека за прифаќање на децата од предучилишна возраст во општина Карбинци во тек е изградбата на градинка, а слична таква се гради и во Оризари, Кочанско. Во населбата Истибање, Виничко, рече министерот Спасов, деновиве ќе ја предадеме новоизградената детска градинка, а во овој дел на државата во Делчево во тек се активностите за изградба нановадетскаградинка.

„Во општината Чешиново-Облешево неодамна го предадовме првиот Центар за стари лица, отворивме дисперзирано одделение за вработување, а наскоро ќе отвориме и одделение на Центарот за социјални работи од Кочани,” истакна Спасов.

За градоначалникот на општината Чешиново-Облешево Костадин Личков изградбата на новата детска градинка е од особено значење затоа што на простор од 180 метри квадратни ќе бидат опфатени 50 деца. Градинката е целосно финансирана преку проектот на МТСП за изградба на детски градинки во руралните средини

Во рамки на посетата на кочанскиот крај, министерот Спасов го посети семејството Петрови од с.Мородвис,Зрновци. Со заеднички средства на општината Зрновци и Министерството за труд и социјална политика е изграден нов дом за живеење за семејството Петрови во селото Мородвис, на кои пролетта им падна кровот и дел од семејната куќа.
За изградбата на новата семејна куќа на Петрови општината Зрновци и МТСП досега инвестираа над 200 илјади денари.

„Семејството е со социјален ризик и корисник на постојана социјална помош. Иницијативата на градоначалникот на општина Зрновци и на Центарот за социјални работи од Кочани ја прифативме и во фаза сме на обезбедување топол дом со пристојни услови за живот на семејството Петрови” изјави Спасов.

Додаде дека МТСП ќе обезбеди и дополнителни средства за довршување на започнатите активнсоти, а преку акцијата се грижиме за топол дом ќе биде обезбеден мебел и останати електрични апарати за семејството.

“Соработката на општина Зрновци и на МТСП продолжува и понатаму” истакна градоначалникот, Блаже Станков.
За наредната година најави почеток на изградбата на детска градинка и простории за активност на пензионерите од општината.

Директорот на Центарот за социјална работа од Кочани, Весна Данева со заложба преку нивниот центар да бидат прифатени сите иницијативи од корисниците на социјална помош. За семејството Петрови таа најави и отпис на дел од долговите.

Спасов ја посети и општина Македонска Каменица, при што оствари средба со градоначалникот на општината,Дарко Митевски, раководителот на Центарот за вработување од Делчево, директорот на Центарот за социјални работи Делчево, директорот на градинката од Македонска Каменица. На состанокот беа разгледувани заеднички проекти и иницијативи кои ги спроведуваат општината и министерството, но и спроведувањето на проектите од домен на министерството за труд и социјална политика во овој град.