ФОТО: Поставен камен-темелник на нова градинка во Радишани

Поставен камен-темелник на нова градинка во Радишани
Се гради нова градинка во Радишани, фото: МИА

Во дворот на старата градинка „Ташко Караџа“ на вториот влез во населбата Радишани на улицата „Амди Демир“ ќе се гради нова градинка. Денес беше поставен камен –темелникот на новиот објект, од страна на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Бутел Петре Латиновски.

Поставен камен-темелник на нова градинка во Радишани
Поставен камен-темелник на нова градинка во Радишани

– Објектот треба да се изгради за шест месеци на над 450 метри квадратни. Градинката ќе има пет занимални со капацитет на згрижување 120 деца, истакна министерот Спасов.

Како што посочи, објектот на оваа нова градинка ќе се гради со средства на општината, додека пак Министерството ќе ја превземе обврската за целосно опремување на градинката.

Поставен камен-темелник на нова градинка во Радишани
Поставен камен-темелник на нова градинка во Радишани

Приоритет на Министерството за труд и социјална политика, рече Спасов, и понатаму ќе биде отворање на нови детски градинки во сите општини на Македонија.

Според градоначалникот Латиновски, со изградба на новиот објект во населбата Радишани ќе биде решен проблемот, односно, како што рече, потребата од поголем капацитет за згрижување на децата во градинките од населбата.

Објектот на оваа нова градинка ќе содржи пет занимални со санитарии за деца, кујна со магацин, санитарии и директен надворешен пристап како и административна канцеларија со санитарии за воспитувачите.

Изведувач на градежните работи е „Мега Скоп“ од Скопје, а за изградбата општината од буџетот обезбедила 11 милиони денари.