Македонија

Камен темелник за новата камбанерија на црквата „Свети Илија“ во Горно Нерези

Камен темелник за новата камбанерија на црквата „Свети Илија“ во Горно Нерези

Општина Карпош доби уште еден сакрален објект. Црквата „Свети Илија“ во Горно Нерези која е во завршна фаза на изградба наскоро ќе добие и камбанерија за која денес беше поставен камен темелник. Официјалното осветување на камбанеријата го направи поглаварот на Македонската православна црква, Господин Господин Стефан во придружба на неговите црковни службеници.

На камен темелникот во црквата „Свети Илија“ присуствуваше и претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаревски како и жители на Горно и Долно Нерези

Останати вести од Македонија

Македонија

ФИФА само ги предупреди Шаќири и Џаха, по 5.000 франци казна за Лихтштајнер, Кокеза и Крстајиќ Меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА им одреди парична казна од по 10.000 швајцарски франци на швајцарските репрезентативци Гранит Џака и Џердан Шаќири поради неспортско однесување на натпреварот со Србија, додека нивниот капитен Штефан Лихтштајнер како и српските претставници се казнети со по 5.000 франци. Џака и Шаќири се казнети поради покажување на албанскиот двоглав орел во текот на прославувањето на погодоците против Србија со кои направија пресврт и ја совладаа (2:1), иако некои медиуми пишуваа дека ќе добијат барем два меча неиграње поради политичко асоцирање и провоцирање. ФИФА, исто така, го казни и Српскиот фудбалско сојуз со 54.000 швајцарски франци „поради непримерени транспаренти и пораки“ на српските навивачи, додека претседатело на сојузот Славиша Кокеза и на селекторот Младен Крстајиќ добија казна од по 5.000 франци поради коментари на судењето. Тие се жалеа на критериумот на германскиот судија Брих во доделувањето на жолтите картони, а особено што не сакаше да го консултира ВАР системот при фаулот на Митровиќ во швајцарскиот шеснаесетник при резултат 1:1. ФИФА објави и казна за Аргентинската фудбалска асоцијација (AFA) од 90.000 франци поради неспортско однесување на нивните навивачи на дуелот со Хрватска. Аргентинците фрлале петарди, упатувале хомофобни пораки, а на стадионот нападнаа и група хрватски навивачи, додека самиот сојуз е казнет бидејќи аргентинските репрезентативци не се појавиле на вообичаената прес-конференција.