АРМ мој дом – Започнува изградбата на првата нова зграда за воени лица

Со поставување камен темелник на локација зад касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе почнат градежните работи за изградба на првата зграда со станови за припадници на Армијата на Република Македонија, како дел од проектот „АРМ – мој вистински дом“.

 

Според проектот, првата зградата треба да биде со 32 стана, еднособни, двособни и тособни. Ќе се состои од подрум, приземје и четири ката. Во подрумот се сместени гаражи, на приземјето предвиден е деловен простор, а на четирите ката се становите за потребите на припадниците на АРМ. Покрај гаражите, недостатокот од паркинг простор согласно правилникот за проектирање на станбени згради е решен со паркинг места во рамките на градежната парцела.

 

Според последните објавени податоци од Министерството за одбрана, досега се пријавиле над 250 припадници на Армијата кои се заинтересирани да го решат своето станбено прашање преку овој проект.

 

Цените по кои што ќе се купуваат становите се еднакви на градежната цена на станот, а ќе се отплаќаат на 240 месечни рати. Купувачите на становите ќе треба обезбедат 20 проценти учество.

 

На свеченоста е најавено обраќање на министерот за одбрана Зоран Јолевски.