Балкан

Каменос: Грција нема да плати рати додека не се постигне договор со кредиторите

Каменос: Грција нема да плати рати додека не се постигне договор со кредиторите

Нема да платиме рати од долгот ако не постигнеме договор со нашите кредитори до 5 јуни, изјави денеска грчкиот министерот за одбрана и лидер на Независни Грци Панос Каменос, пренесе МИА.

– Грција ги плаќа своите рати на доверителите од август 2014 година и трошоците за функционирање на државата, без да прими ниту едно евро, истакна Каменос во интервју за телевизијата „Антена“.

Тој процени дека во наредните неколку дена ќе биде постигнат договор со кредиторите кој ќе биде „ во контекст на мандатот на народот“.

– Никој се уште не го знае финалниот договор. Мора да ги поддржиме преговарачите. Верувам дека наскоро ќе има договор, кој потоа ќе биде изгласан од страна на мнозинството пратеници во Парламентот, рече Каменос.