петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 77

Каменос: Обама ќе инсистира на помош за Грција

Обама во моментов е на средба со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, а потоа ќе се сретне и со премиерот Алексис Ципрас.

133436032

Последни вести

Американскиот претседател Барак Обама ме увери дека тој ќе инсистира на помош за Грција, со цел нашата земја да излезе од кризата, изјави грчкиот министер за одбрана Панос Каменос кој го пречека Обама на атинскиот меѓународен аеродром.

– Со неговите лични интервенции, американскиот претседател Барак Обама и помогна на Грција во тешки времиња, како за прашања поврзани со долгот со неговата интервенција на 15 јули кај францускиот претседател Франсоа Оланд, така и со постојани јавни ставови за соработка во Алијансата и поддршка за Грција, изјави Каменос за „Реал ФМ“.

Тој додаде дека му се заблагодарил за тоа и го пречекал во име на целиот грчки народ, истакнувајќи дека „неговата последна посета како претседател не е само симболична, туку и важна затоа што се испраќа порака за излез од кризата“.

– Тој го прифати тоа и ми рече дека тоа го прави со сето свое срце, бидејќи ова е земја на демократијата и оти ќе инсистира на помош за Грција, со цел грчкиот народ и Грција да ја надминат кризата. Тој беше многу пријателски и среќен што е во посета на Грција и ни кажа дека било негова одлука да ја посети Атина за време на неговото последно патување како претседател, рече Каменос.

Обама во моментов е на средба со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, а потоа ќе се сретне и со премиерот Алексис Ципрас.

Најчитани вести