Каменуван воз, повреден помошникот на машиновозачот

При каменување на воз вчера со повреди се здобил помошник на машиновозачот на возот кој сообраќал од Волково кон Трубарево.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера околу 20.15 часот непознати лица при влезот на железничкта станица Скопје Север го каменувале  товарниот воз кој сообраќа од Волково до Трубарево.

Од засега непознати причини насилници почнале да фрлаат со камења кон возот кој го управувал машиновозачот Д.Р. Од камењата било скршено стаклото од кабината на локомотивата при што со повреди се здобил 48-годишниот Т.С. помошник на машиновозачот кој веднаш бил пренесен на Ургентиниот центар во Скопје.

Полицијата работи на расчистување на случајот.