Каменуван автобус на ЈСП, повредено момче

Вчера околу  23,45 часот во Скопје,  на бул.„Крсте П. Мисирков“ на автобуската постојка кај хотел „Султан“, непознати лица со каменувале автобус на ЈСП кој се обраќал на линија бр.50 во правец од Центар према Автокоманда.

Притоа лице – патник Ф.Ј. (18) од Скопје е повреден во пределот на главата  и истиот со Брза помош е пренесен во Урегентен Центар-Скопје,  каде му е укажана лекарска помош и е задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.