Каменуван автобус на ЈСП во Синѓелиќ, повреден малолетник

Седумнаесет годишно момче од скопско Булачани е повредено во главата откако пред два дена бил каменуван автобус на ЈСП во Синѓелиќ.

-М.О. (39) вработен како возач во ЈСП-Скопје, пријавил дека на 29-ти околу 21.55 часот во Скопје на ул.„Методија Андонов Ченто“ и ул. „Палмиро Тољати“, додека управувал автобус „Јутонг“ сопственост на ЈСП, кој сообраќал на редовна линија бр.65, непознат сторител фрлил камен во правецот на автобусот и притоа искршил еден од прозорите од вториот кат на автобусот, информираат од полицијата.

Повреденото момче со возило на Итна мдицинска помош било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му се констатирани телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.