Крими хроника

Инцидент во Аеродром Каменуван автобусот на „МЗТ“

Каменуван автобусот на „МЗТ“

Автобусот на кошаркарскиот клуб „ МЗТ Скопје“ вчера бил каменуван во скопската населба Аеродром, информираше МВР.

Инцидентот се случил околу 22.40 часот на улицата Васко Карангелевски. Кошаркарите се враќале од натпреварот со „Работнички“ во Гостивар, кој „Аеродромци“ го загубија.

Возилото најверојатно го пречекале незадоволни навивачи, кои го каменувале автобусот „Неоплан“.

Во инцидентот е скршено едно стакло, но нема повредено. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.