Каменуван новиот воз во Куманово

Каменуван патнички воз кај Визбегово
Каменуван патнички воз кај Визбегово

Попладнево околу 17 часот  каменуван е новиот воз број 2021, кој сообраќа на релација Табановци – Скопје по напуштањето на станица Куманово во населбата Черкези.

Од Македонски железници соопштија дека нема повредени, но од каменувањето направена е материјална штета односно напукнато е странично прозорско стакло на возот.