Каменуван патничкиот воз Скопје – Кичево

Непознати лица вчера попладне околу 17:15 часот го каменувале патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје – Кичево.

Како што соопшти МВР, лицата фрлале со камења од страната на железничкото стојалиште „Сарај “ во правец кон „Сулари“, во близина на село Кондово.

Од каменувањето е скршено едно странично неподвижно прозорско стакло, а повредени патници нема.

Се работи на целосно расчистување на случајот.