Каменуван станот на Оливера Жежова, уредничка на „ТВ Стар“

Станот на Оливера Жежова, уредник на вестите на регионалната телевизија Стар од Штип, е каменуван ноќеска, околу 23.30 часот, при што се искршени прозорците од балконот, објави весникот Нова Македонија.

Тресокот се слушнал само пет минути откако домаќините ги исклучиле светлата за да си легнат. Жежова се сомнева дека повод за нападот биле објавени прилози за источниот регион.

– Континуираните остри прилози од Делчево до Штип очигледно не остануваат без ваков вид на одговор. Кој е сторителот и конкретниот мотив, не сакам да прејудицирам, но очигледно е дека се работи за јасно упатена порака, до мене и до телевизијата – вели Жежова.
Случајот е пријавен во Штипската полиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.