Каменуван воз и барикада на пругата во скопско Морани

Во два одделни инциденти со камења биле оштетени два воза на Македонски Железници, во првиот била поставена камена барикада, а во вториот лица каменувале воз.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера на пругатата помеѓу железничките станици Јане Сандански и Драчево, во скопско село Морани, товарниот воз кој сообраќал на релација Велес-Драчево, удрил во поставени камења на самата пруга. Оштетување на возот немало и истиот го продолжил движењето до крајната дестинација. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата кои ги поставиле камењата на пругата.

Истиот ден на истата пруга неколку непознати лица извршиле каменување на патничкиот воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, сопстевеност на Македонски Железници. Од извршеното каменување, било скршено едно неподвижно стакло, а повредени патници нема.
Од полиција велат дека се работи на откривање на сторителите.