Каменуван воз кај Кондово, повреден машиновозачот

Непознати лица вчера попладне каменувале воз на излез од селото Кондово, меѓу железничките станици Ѓорче Петров и Радуша. Возот сообраќал на релација Скопје – Кичево, а од каменувањето е скршено челното стакло на локомотивата при што во пределот на десното око е поврден приправникот за машиновозач Ј.Д. (37) од село Пакошево.

Како што соопшти МВР, настанот се случил во 17:20 часот, а на повредениот му е укажана лекарска помош.

Откако е извршено фотографирање од екипа на СВР-Тетово, во 18:40 часот возот продолжил да сообраќа.

Сe преземаaт мерки за пронаоѓање на сторителите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.