Каменуван воз кој сообраќал на релација Скопје-Кичево

Патнички воз кој сообраќал на релација Скопје – Кичево е каменуван од непознати лица.

Инцидентот се случил вчера во 17 часот и 20 минути кај патниот премин село Кондово – Скопје.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти е искршено едно неподвижно прозорско стакло, а повредени патници нема.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.