Каменувани возови во Скопје-Север и Кондово

Непознати лица повторно каменуваа воз.

Како што информираат од полицијата, на 28.08.2014 година, околу 07:40 часот во Скопје на излез од железничката станица Скопје Север непознати лица извршиле каменување на возот.

Возот сообраќал на релација Кичево-Скопје при што е скршено едно прозорско стакло.

Вториот воз е каменуван на 28.08.2014 година, околу 14,00 часот во с. Кондово.

Имено непознати лица извршиле каменување на возот кој сообраќа на релација Кичево-Скопје при што е искршено едно прозорско стакло.