Каменуван воз

Непознато лице каменувало меѓународен патнички воз, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил вчера во 21.40 часот во Велес. Тогаш непознато лице фрлило камен на меѓународниот патнички воз кој сообраќа на релација Гевгелија- Белград, при што било искршено едно прозорско стакло од вагон.

Повредени патници нема. Возот го продолжил движењето до Железничката станица Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.